Голема дупка се отвори во населбата Карпош откако пропаднала шахта

Сподели со своите пријатели

Голема дупка длабока три, а широка два метри се отворила пред една недела од левата страна на патеката на улицата „206“ во кумановската населба Карпош.

Loading...

Случајот вчера бил пријавен од граѓани на телефонскиот број 112, по што околу 10:45 часот информацијата била проследена до Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово.

Оттаму во дневниот билтен пишуваат дека биле контактирани сите надлежни субјекти, а одговор добиле од Јавното претпријатие „Водовод“ дека станува збор за пропадната шахта.

– Дежурниот на ЈП „Водовод“ ни потврди дека во населбата Карпош кај спортската сала има пропадната канализациона шахта пред недела дена и се работи за отклонување на дефектот,стои во дневниот билтен на РЦУК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

Местото, според надлежните, е прописно обележано за заштита од несакани последици.

Никола Ивановски