Украина: Сè уште не сме идентификувале 1.200 тела, некои се од масовни гробници

Сподели со своите пријатели

Речиси 1.200 тела сè уште не се идентификувани, вклучително и некои пронајдени во масовни гробници, изјави началникот на националната полиција на Украина, цитиран од новинската агенција Интерфакс.

Loading...

Ихор Клименко изјави за Интерфакс дека е покрената кривична постапка во врска со смртта на повеќе од 12.000 луѓе, од кои многу завршиле во масовни гробници.

Околу 75 отсто од убиените се мажи, околу 2 отсто деца, а останатите жени, рече тој.

Во гробница во Буча се пронајдени 116 тела

Повеќе од 1.500 цивили се убиени само во регионот на Киев, а 116 тела се пронајдени во гробница во градот Буча, додаде тој.

„Идентификацијата на некои тела траеше долго. Ова е долг процес, доста напорен, бидејќи многу тела се во фаза на распаѓање и не можат да се идентификуваат“, рече Клименко.