Кралицата Елизабета Втора стана вториот монарх со најдолг стаж во историјата.
Според Би-Би-Си, таа од понеделникот е на британскиот трон 70 години и 127 дена, а пред неа е само францускиот крал Луј XIV, кој бил крунисан кога имаше четири години.
Со овој мандат на тронот, таа го надмина тајландскиот крал Рама IX, кој почина во 2016 година.
Минатиот викенд церемониите низ Велика Британија го одбележаа платинестиот јубилеј од владеењето на кралицата.
Таа официјално ја прослави 70-годишнината од крунисувањето на 6 февруари.
Доколку продолжи да биде на тронот во мај 2024 година, ќе ја преземе титулата монарх кој најдолго владеел со суверената држава.
Луј XIV бил на власт 72 години, од 1643 до 1715 година, но тој лично ја презел функцијата во своите дваесетти, поточно 1661 година.
Кралицата Елизабета Втора дојде на власт на 25-годишна возраст, по смртта на нејзиниот татко во раните утрински часови на 6 февруари 1952 година.
Таа стана британски монарх со најдолг стаж во 2015 година, кога ја престигна својата прабаба кралицата Викторија.