Ла Стампа: Макрон, Шолц и Драги на 16 јуни во Украина

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги ќе ја посетат Украина во четврток на 16 јуни, пишува денеска италијанскиот весник „Ла Стампа“.

Loading...

Сепак, портпаролот на германската влада одби да ги потврди медиумските извештаи дека Шолц ќе го посети Киев во четврток.

Заедничката посета на лидерите на трите земји од Европската унија ќе се одржи пред самитот на Групата седум најразвиени земји (Г7) и НАТО на крајот на јуни оваа година, пренесува УНИАН.

Според медиумите, на овој начин лидерите имаат намера да му ја изразат поддршката на трите најголеми земји од ЕУ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ниту еден од тројцата лидери не бил во Киев од почетокот на конфликтот во Украина.