Нивото на Пчиња скоро двојно под просекот

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња е скоро двојно под просекот за овој период од годината, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Според податоците добиени утринава во 07:30 часот од мерната станица во селото Пелинце, водостојот на Пчиња изнесува 28 сантиметри.

Тоа е намалување за четири сантиметри во споредба со вчера.

Воедно тоа е далеку под просеокт за овој период од годината кој изнесува 51 сантиметар.

Според неделната хидролошка информација, водостојот бил највисок вчера.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово изминатата недела имало најмногу заболени од грип