Колку заработила Русија од нафта и гас во првите 100 дена од војната?

Сподели со своите пријатели

Во првите сто дена од војната во Украина, Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива.

Loading...

Повеќето фосилни горива биле испратени во Европската унија, а просечната извозна цена била околу 60 отсто повисока од минатата година, покажа новото истражување.

Сурова нафта

Имено, според извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот (CREA) во Финска, дури 61 отсто од рускиот извоз на фосилни горива отишол во Европската унија за околу 57 милиони евра.

Најголеми поединечни земји кои увезуваат руски фосилни горива се Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1 милијарди евра) и Италија (7,8 милијарди евра), според извештајот објавен од АФП.

Најголем дел од приходите на Русија од фосилните горива доаѓаат од сурова нафта (46 милијарди евра), а потоа следи гасот што Русија го извезува преку цевководи, нафтени деривати, природен гас (LNG) и јаглен.

Иако рускиот извоз на фосилни горива се намали во мај, бидејќи многу земји и компании го намалија увозот на руска енергија поради инвазијата на Украина, глобалниот раст на цените на фосилните горива продолжи да го полни рускиот буџет, при што приходите од руските фосилни горива достигнаа рекордно ниво.

Зголемен увоз

Просечните цени на руските фосилни горива за извоз се во просек за 60 отсто повисоки од минатата година, се вели во извештајот.

Некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемија увозот на фосилни горива од Русија, се наведува.

Loading...

Аналитичарот на CREA, Лаури Миливирта, рече дека додека ЕУ размислува за построги санкции кон Русија, Франција го зголеми својот увоз и стана најголемиот светски купувач на природен гас.

„Бидејќи повеќето од овие набавки не се однесуваат на долгорочни договори, тоа значи дека Франција свесно одлучила да ја користи руската енергија по инвазијата на Украина“, додаде таа.