Нов Зеланд воведува данок за крави и овци поради емисија на гасови!

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд го претстави планот за оданочување на емисиите од овци и говеда, со цел да се справи со еден од најголемите извори на стакленички гасови во земјата.

Loading...

Нов Зеланд на тој начин би станал првата земја која собира даноци од фармерите за емисиите на метан од добитокот, пренесува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Во таа земја, со население од нешто повеќе од пет милиони луѓе, се одгледуваат околу 10 милиони говеда и 26 милиони овци.

Речиси половина од вкупните емисии на стакленички гасови, главно метан, доаѓаат од земјоделството во Нов Зеланд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на заболени од мали сипаници во светот е зголемен за 20 отсто

Емисиите на т.н „Гасовите на стаклена градина“ од земјоделството претходно не беа вклучени во шемата за тргување со емисии на земјата, поради што оние што ја критикуваат ја повикаа владата да стори повеќе за да го запре глобалното затоплување.

Според предлогот, сточарите од 2025 година ќе треба да плаќаат за емисиите на гасови од нивните фарми, пренесува Танјуг.

Планот вклучува и стимулации за земјоделците да ги намалат емисиите преку адитиви за добиточна храна, додека садењето дрвја на фармите може да се користи за неутрализирање на емисиите.

Парите собрани од тој данок ќе се инвестираат во истражување, развој и советодавни услуги за земјоделците, соопшти Министерството за животна средина.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови

Минатиот месец, министерот за финансии на Нов Зеланд објави дека се планирани 2,9 милијарди новозеландски долари (1,9 милијарди американски долари) за програмата за борба против климатските промени, кои ќе бидат финансирани од системот за тргување со емисии што ќе ги оданочува загадувачите.