Ноктите ги пушта 33 години: „Ги чувам на 30 сантиметри и уживам во вниманието“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бидејќи ги обожавала долгите нокти на мајка си, Американката Корделија Адамс решила повеќе да не ги сече своите и да ги остави да растат, тоа било во 1989 година кога таа била  во нејзините 20-ти, па денес оваа 59-годишна жена си ги средува ноктите цели 33 години.

Loading...

Најмногу што успеале да пораснат биле, 40 сантиметри, но сега ги одржува на исто така импресивна должина од 30 сантиметри.

И иако поради толку многу нокти таа  прави многу работи со зглобовите на прстите наместо со врвовите на прстите ,како миење садови и „листање“ со прстот низ екранот, таа, вели декаа никогаш не би го променила својот изглед.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТОЧКА НЕМО: Водена гробница каде вселенските летала одат „да починат“

„Се приклучив на ТикТок среде пандемија бидејќи видов колку забавни лудории се објавуваат таму, па решив сам да снимам нешто. Моето прво видео со миење раце имаше 17 милиони прегледи и веднаш стана вирално.

Имаше многу негативни коментари , но не ми пречи тоа, уживам да одговарам и на нив“, изјави таа за Mirror.

Најлошото нешто во нејзините долги нокти, вели таа, се „грубите прашања што и ги поставуваат некои луѓе“ – како „како јадеш со тоа? и слично.

„Корделија, која работи и како техничар за нокти, сфатила како да ги извршува сите нејзини секојдневни задачи без да ѝ пречат ноктите, па често ги користи зглобовите наместо врвовите на прстите, а бидејќи нејзините нокти се природно закривени за да се вклопат нема проблем со фаќање и држење работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро и никој да не знае дека оваа убава жена ја измислила Wi-Fi конекцијата (ВИДЕО)

Редовно на нив слика впечатливи и комплицирани дизајни, а колку ги негува доволно говори и фактот што нејзините уметнички дела на ноктите никогаш не се рушат или избледеат, па и сега има боја стара повеќе од четири години.

Loading...

„Обично ми требаат помеѓу десет минути и половина час, во зависност од дизајнот. Ако тргнувам  сè и почнам со празен нокт, ми требаат околу два и пол часа. Некои цртежи се на нив долго време Една од нив постои веќе пет години“, рече таа.

Што е најважно, таа е задоволна со своите нокти и не мисли дека некогаш драстично ќе ги скрати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Важела за најгрда жена на светот, но од тоа заработила цело богатство (ВИДЕО)

„Никогаш не ни помислувам на тоа!“, рече таа.