„Куманово план“ изработува проекти за улици и училишта

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Куманово План“ ги изработува основните проекти за изградба на неколку улици во населбата Гладно Поле, информираа денеска надлежните од претпријатието.

Loading...

Релативно новата населба во Куманово сè уште нема улици и надлежните од претпријатието, велат дека е направен прв чекор за идна инфраструктура во населбата.

Стручните лица од претпријатието ги подготвуваат и проектите за комплетна реконструција на основните училишта „Кирил и Методиј“ во Агино село и „11 Октомври“ во село Речиц, . Двата проекти ќе бидат основа за реконструкција на училиштата во овие две рурални средини.

– Во моментов, архитектите и инженерите од претпријатието работат и на урбанистички план за гимназијата „Сами Фрашери“ и за техничкото училиште „Наце Буѓони“ – паралелки на албански јазик. Во тек е и се изработува урбанистички проект за изградба на нова детска градинка во населбата Зелен Рид, проект за нова училишна спортска сала во склоп на ООУ „Карпош“ во село Умин Дол, изјави ВД директорот на ЈП „Куманово План“, Бобан Николовски.

Стручните лица подготвуваат и нови урбанистички проекти за улиците околу зелениот пазар. Во Куманово во тек е изградба на два кружни тека и еден на влезот на градот кој е завршен. Сепак, најголем проблем за кумановци е сообраќајниот метеж околу Зелениот градски пазар.

– Архитектите и инженерите го подготвуваат и урбанистички проект за проширување на улиците околу зелен пазар, вклучувајќи и кружен тек на крстосницата помеѓу булеварот „Трета МУБ“ и улицата „Тоде Мендол“, додава Николовски.

За граѓаните е важна и изработката на една од најстарите улици во градот „Моша Пијаде“ која во иднина целосно ќе се реконструира. ЈП подготвува проект за целосна санација на оваа уица во центарот на градот.

ЈП „Куманово план“ работи и на неколку детални урбанистички планови за населбата „Перо Чичо“, за урбаните единици „Панче Пешев“ каде е планирана изградба на детска градинка и на основно училиште како и за дел од „Тоде Мендол“ каде пак е планирано проширување на основното училиште „Наим Фрашери“.

Loading...

МИА