Захарова: Дел од оружјето во Украина веќе е прошверцувано во Босна и Херцеговина

Сподели со своите пријатели

„Западните земји го игнорираат фактот дека испораките на оружје за Украина сигурно ќе доведат до проширување на црниот пазар на оружје во Западна Европа, а дел од оружјето од Украина веќе е прошверцувано во Босна и Херцеговина, Албанија и Косово“,предупреди во средата портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова.

Loading...

„Тие веруваат дека ова е билет во еден правец, веруваат дека сега се ослободуваат од застареното оружје што го испраќаат во Украина или во трети земји. Меѓутоа, тие забораваат дека пратките со оружје испратени во Украина ќе доведат до проширување на црниот пазар на оружје, особено во Западна Европа (и на Балканот)“, рече Захарова, пренесува ТАСС.

Според неа, властите на земјите снабдувачи засега молчат по ова прашање, но независните експерти и релевантните структури, како што е Интерпол, веќе „алармираат“.