Семинар за традиционална музика и игра „Од Средорек до Дурачка река“ се одржа денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Настанот го организира Центарот, преку етнокореолог Дени Синадиновски.
Учесниците имаа можност да слушнат за традиционалната музиката и играта од Куманово до Крива Паланка. Учесниците ја запознаа локалната традиција во овој предел од североисточниот регион.
– Во период кога традицијата ни е во изумирање, се повеќе треба да размислуваме како на соодветен начин да допреме до публиката. За таа цел, организираме дводневен семинар. Важно е да се знае за традицијата на нашите предци. Се разработи тема која ќе биде позната за кумановската публика, изјави предавачот, етнокореологот Бојан Петковски.
Семинарот е поделен на два дена. Денеска учесниците слушаа теоретско предавање од аспект на етнологијата и етнокореологијата, од базичното знаење до стручни податоци и проследија филмувана реконструкција „Не плети лесо“, свадбен обред од етничкиот предел Дурачка река.
Утре учесниците активно ќе ги разработат применетите знаења. -Традицијата се сака и чува преку различни техники, порача Петковски.
МИА