Италија: Ако Русија не ги ослободи пристаништата, милиони би можеле да умрат од глад

Сподели со своите пријатели

Италија предупредува дека милиони луѓе би можеле да умрат од глад доколку Русија не ги ослободи украинските пристаништа на Црното Море, објави во средата Би-Би-Си.

Loading...

„Блокирањето на извозот на жито значи држење заложници и осудување на милиони деца, жени и мажи на смрт“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, по состанокот во кој учествуваа и други медитерански земји и Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

Ди Мајо додаде дека следните неколку недели ќе бидат клучни.

Неговите зборови се одраз на загриженоста на меѓународната заедница мотивирана од неспособноста на Украина да извезува храна на нормални начини.

Украина е еден од најголемите извозници на житни култури во светот.

Русија негира дека нејзината инвазија предизвикува глобална прехранбена криза.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека сега останува на Украина да го расчисти морето околу пристаништето и да им дозволи на бродовите безбедно да пловат.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во вторникот изјави дека украинските пристаништа Бердјанск и Мариупол, кои беа окупирани од руските сили, се деминирани и се подготвени да ја обноват трговијата со жито.

Loading...

„Деминирањето на пристаништето Мариупол заврши. Функционира нормално и ги доби првите товарни бродови“, рече Шојгу.