„Лавров можеше да оди во Србија со воз, тоа не е забрането“

Сподели со своите пријатели

Шефот на црногорската дипломатија Ранко Кривокапиќ денеска изјави дека со забраната за прелетување на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ги почитувала обврските што ги презеле и таквата одлука е неизбежна.

Loading...

Кривокапиќ истакна дека е изненаден од бурните реакции на ваквата одлука, додавајќи дека Лавров можел да стигне до Белград со воз, бидејќи возовите не се забранети на релација Белград Москва, пренесува Бука.

Одговарајќи на новинарско прашање кога и кој ја донел одлуката за забрана на летот, Кривокапиќ рече дека одлуката формално ја донеле црногорската Влада и дел од Министерството за надворешни работи (МНР) и дека премиерот Дритан Абазовиќ знаел за одлуката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Нападната украинската гасна инфраструктура, погодени сите цели

Да потсетиме, Бугарија, Македонија и Црна Гора го забранија летот на руски авион низ воздушниот простор на овие земји, со кој Сергеј Лавров требаше да отпатува за Белград.

Поради тоа и официјално беше откажана посетата на шефот на руската дипломатија на Србија.