Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски дека за преговори со Москва е неопходно Русија да ги повлече војниците на линијата од пред 24 февруари е апсолутно несериозен пристап.
По разговорот со неговиот турски колега Мевлут Вуавушоглу, Лавров во Анкара изјави дека изјавата на Зеленски е целосно спротивна на иницијативите што ги претстави украинската делегација во Турција на 29 март, пренесува РИА Новости.
Зборувајќи за изгледите за средбата на претседателите на Русија и Украина, Лавров посочи дека е потребно прво да се обнови работата на рускиот и украинскиот преговарачки тим и додаде дека „топката е на страната на Киев“.
– Зеленски сака средба за средба. Поаѓаме од тоа дека прво е потребно преговарачките тимови да продолжат со работа – топката е на страната на Украинците речиси два месеци – рече Лавров.