Пат позиција со Русија не е опција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторувајќи го своето барање за помош од Западот во војната со Русите.
Жестокиот отпор на Украина на руската инвазија доведе до ќор-сокак во делови од земјата, а Москва ги пренасочи своите сили на исток.
Во интервју за Financial Times во вторникот, тој рече:
„Победата мора да се постигне на бојното поле. Ние сме инфериорни во однос на опремата и затоа не сме способни да напредуваме. Ќе претрпиме повеќе загуби, луѓето се мојот приоритет“, рече тој.
На прашањето што Украина би ја сметала за победа, Зеленски рече дека враќањето на границите што Украина ги контролираше пред руската инвазија на 24 февруари ќе биде „сериозна привремена победа“.
Но, тој рече дека крајната цел е „целосна деокупација на целата наша територија“.
Запрашан за разговорите со Русија, кои се прекинати од крајот на март, Зеленски рече дека не ја сменил својата позиција, додавајќи дека војната требало да заврши на преговарачката маса.
Тој рече дека е подготвен за директни разговори со Владимир Путин, додавајќи дека „нема со кого да разговара освен со рускиот претседател“.