Борба против корупција во локалните медиуми

Сподели со своите пријатели

Саморегулацијата на онлајн медиумите е клучна за борба против корупцијата во локалните медиуми, сметаат кумановските новинари вработени во локални медиуми. Финансиската независниот, фер и отворен пазар, пристап до проекти наменет исклучиво за локални и регионални медиуми бараат новинарите од Куманово.

Loading...

 

 

Политичките партии, локални моќници, бизнис секторот можат да ги корумпираат локалните медиуми кои во недостиг на финансиски средства и сè помалку пари од реклами можат да потпаднат под влијание. Забележани се случаи кога политичари или одредени локални моќници преку реклами или соопштенија имале одредено влијание во локалните медиуми. Тие функционирале само кога одредена политичка партија или коалиција била на власт. Брзо згаснувале откако партиите ја губеле власта.

 

 

Loading...

Новинарите во овие медиуми генерално ја препознаваат корупцијата, но поради финансиката зависност тешко се борат против корупцијата и во медиумите и генерално во општеството. Поради лошата финансиска состојба која дополнително е влошена последниве три години од пандемијата, енергетската криза во локалните медиуми бројот на вработени е сведен на минимум. Во онлајн медиумите има од еден до двајца вработени. Недостигот од кадар дополнително ја поткопува борбата на новинарите со корупцијата.

– Лично не сум работела во медиум кој имало корупција. Повозрасните колеги кажуваат дека политички партии имале влијание врз локалните медиуми. Но, во Куманово, не толку силно. Претпоставувам дека новинарите ги почитувале етичкиот кодекс при известување па и не се забележувало толку, вели Елена Георгиевска, новинар од Куманово.

 

 

Нејзиниот колега Никола Ивановски додава дека во онлајн медиумите иако законски не се регулирани се почитува саморегулацијата.

 

Loading...

 

– Не верувам дека вработен новинар ќе работи во медиум под толку силно влијание. Ќе даде сè од себе да ја има втората страна или барем ќе објави за настан важен за граѓаните, вели Ивановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ограбена бурекчилница во Куманово

Почитувањето на етичките и моралните норми на секој поединец вклучително и на новинарите е клучна во борба против корупцијата. Има сериозни новинари кои се сензибилизирани за борба против корупцијата во своите редови, има и поинакви велат искусните колеги.

Во борбата против корупцијата има само еден метод кој се покажа за успешен – не прифаќај да бидеш корумпиран! порачува новинарката, Тамара Чаусидис. Според неа новинарите мора да предничат во тоа, а не да бараат причини како да ја оправдаат својата склоност да бидат купени.

 

 

– Не се за новинари кои информираат за „подвизите“ на градоначалникот. Срамота е и да се зборува за ова. Срамота е да имате човек кој се нарекува новинар, работи како новинар и склучува договори со општина „за потребите на градоначалникот“ за 18 илјади месечно. Срамота е и за него, срамота е и за нас, оти утре ќе ви се обрати како колега. И ќе бара заштита како новинар, а е обичен платеник, вели Чаусидис.

Loading...

Со нив се сложува и колешката од Битола, Маја Богоевска која вели дека откривањето на случаите на корупција, на секое ниво па дури и во медиумите е важно, но и многу потешко за локалните новинари.

 

 

– Затвореноста на институциите, живеењето и работењето во мала средина каде „секој со секого се знае“ едноставно го отежнуваат процесот на истражување. Колку и да сака новинарот да биде потемелен, подетален, колку и да биде упорен, едноставно некогаш ѕидот на кој наидува, ја отежнува работата и тогаш доаѓа откажувањето заради нецелосното истражување. Локалните медиуми често од институциите се препраќани да бараат информации на централно ниво, во Скопје, а процедурата во тој случај го забавува или отежнува истражувањето И на крај, доколку се добијат информации, макар и задоцнети, тие се сувопарни и недоволни, вели Богоевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ограбена бурекчилница во Куманово

Еден од начините да се надмине можноста од корупција во локалните медиуми е да се формира фонд за медиуми, преку кој локалните и регионалните медиуми ќе имаат можност финансиски да зајакнат и да бидат неподложни на корупција.

Loading...

– Некои локални медиуми соработуваат со бизнисмени, со политичари и можеби тука може да се каже дека има коруптивни врски, ама нема докази за тоа. Тоа само го потврдуваат колегите од внатрешноста кои кажуваат дека некои медиуми се поврзани со локална власт, со бизнис-заедница. И не можат да напишат ништо против локална власт, против одредени бизнисмени, вели Мирче Адамчевски од СЕММ.

 

 

За истражувањата и за внатрешната борба против корупцијата која се огледува низ политичкото влијание на локални моќници потребни се пари. Важни се правилата на игра, ако партиите, институциите, одлучат да се рекламираат по која било основа важно е да ги поделат на сите локални медиуми, не по принцип на близина (политичка, пријателска).

Loading...

Во медиумите, особено онлајн се поприсутна е и суптилниот комерцијален пиар, кој во последниве години предничи во однос на класичниот пиар кога медиумите се поврзуваа со партиите. На локалните избори очигледен беше личниот пиар на кандидати за советници, за градоначалник кој суптилно, не на место за реклами, огласи се пласираа во вестите под категорија локално и политички партии.

Скриениот маркетинг помалку се забележува, но јавноста мора да знае дека е маркетинг без разлика дали е од политичка партија или од бизнис заедницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ограбена бурекчилница во Куманово

– Најефикасен начин е воедно и најтешкиот – треба да бидат добри и надвор од својата локална средина. Така ќе ги бараат поголемите медиуми и така нивната позиција ќе се подобри. Секако нема да се подобри со „дотации“ од општината која ги понижува колегите од регионот и ги претвора во држачи на микрофони, кои во секој момент можат да бидат заменети со некои други држачи на микрофони. Новинарство е професија која работи за јавен интерес. Исто како што лекар мора да лекува, така и новинарот мора да го брани малиот, обичниот човек од моќните. И да излезе од зоната на комфорот. Да бара конкурси, да се пријавува за теми, да соработува со други колеги, да го прави она за што е обучен. И ако е доволно добар ќе биде конкурентен на пазарот, вели Чаусидис.

Локалните медиуми бараат регулацијата да важи за сите поеднакво, за да можат и бизнис заедницата и партиите да имаат увид со каков медиум соработуваат. Формиран е регистар на онлајн медиуми кои исполнуваат стандарди за професионално работење. Речиси сите локални медиуми од Куманово се вклучени во овој регистар и се членки на СЕММ.

И онлајн медиумите од државата бараат измена на правилникот на ДИК за финансирање на кампањите, саморегулација, етика сензибилизација.

Loading...

Овој новинарски текст/новинарска сторија е подготвен од авторот Александра Максимовска, ангажирана од Советот за етика во медиумите во Македонија со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој новинарски текст/новинарска сторија му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.