Преживеала ерупција на вулкан: Сега ја тргна маската за прв пат по 30 месеци пекол (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жената наречена „лице на храброста“, Стефани Бровит, единствената преживеана од ерупцијата на вулканот во која загинаа нејзиниот татко и сестра, ја симна маската 30 месеци откако претрпе страшни изгореници на 70 отсто од телото.

Две и пол години откако го загуби семејството кога еруптираше вулканот Белиот остров во Нов Зеланд, Стефани (26) вели дека се чувствува „посилна отколку што мислела“.

Loading...

Нејзиниот татко Пол и 21-годишната сестра Кристал биле меѓу 22-те загинати лица, додека мајката на Стефани, Мари, остана на крстарењето и ужасно гледаше како вулканот еруптира. Стефани поминала две недели во кома борејќи се за живот.

Таа имала изгореници од трет степен по телото. Периодот на болното опоравување таа го документирала на социјалните мрежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757

 

 

За прв пат во јавност, храбрата Стефани го извадила компресивниот завој од лицето за да го открие степенот на повредите.

Во интервју за 60 минути, а како што пренесува британски The Sun, Стефани се погледнала во огледало и рекла дека видела „личност која во животот поминала многу повеќе отколку што очекувала“.

Loading...

– Посилна сум отколку што некогаш мислев дека ќе бидам. Мислам дека научив дека борбата за опстанок е вистинската работа. Секој ден се борев да преживеам, само да се вратам на себе. Никогаш не знаев дека имам толку сила во себе – додава оваа храбра млада жена.

Стефани беше подложена на шестмесечна операција, вклучувајќи и ампутација на прстот. Сликите кои оваа храбра жена ги сподели од тој период ги покажуваат шокантните размери на нејзините изгореници, бидејќи и требала трансплантација на кожа на екстремитетите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757

 

Најтешкото нешто што морала да го надмине била загубата на нејзиниот татко и сестра во трагедијата:

– Посакувам татко ми и сестра ми да беа живи и да бевме заедно. По нивната трагедија имав многу непроспиени ноќи.

Сеќавајќи се на ужасниот инцидент што се случи на нивниот семеен одмор, Стефани рече дека видела црн чад како извира од вулканот пред да им биде кажано да бегаат.

 

 

Loading...

– Бучавата доаѓаше одзади и стануваше се посилна како што се приближуваа камењата. Се слушаа како доаѓаат сите камења. Се слушаше звукот на камењата кои удираа по земјата и луѓето врескаа… Не мислев дека ќе преживеам – се сеќава Стефани на страшни моменти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757

Оваа храбра млада жена, која неодамна го прослави својот 26-ти роденден, вели дека сака „да се врати во понормален живот“ и да работи со полно работно време. И требаше долго време да собере храброст да ја симне маската, но имаше огромна поддршка од сите страни.

– Многу луѓе споделуваат приказни за нивните битки и лични проблеми. Ако можам да направам разлика и да помогнам само на една личност во мојот живот, тоа многу ми значи и ме прави среќна – вели Стефани.