Фон дер Лајен: Полска без пари додека не ги заврши судските реформи

Сподели со своите пријатели

Европската унија нема да ѝ плаќа пари на Полска како дел од поттикот за економско закрепнување од Ковид се додека Варшава не го укине дисциплинскиот режим за судиите и на тој начин повторно не воспостави независно судство, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Loading...

Полска требаше да има пристап до буџет од 36 милијарди евра за закрепнување.

„Нема да се исплаќаат пари додека не завршат реформите во судството“, рече Фон дер Лајен на пленарната седница на Собранието на ЕУ во Стразбур, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 6,6 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја