Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, соопшти дека разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и рекол дека сакаат да сметаат на Србија како искрен кандидат и сигурен европски партнер во заедничките принципи, вредности, безбедност и просперитет.
Како што изјави Борел на Твитер, со Вучиќ разговарал и за важни работи со кои се соочува ЕУ и Западен Балкан.
Тема на разговор биле и регионалните прашања и Босна и Херцеговина, како и важноста на претстојните избори во таа земја.
Called @predsednikrs Vucic. Important work for EU-Western Balkans ahead; want to count on Serbia as a sincere candidate & reliable European partner for common principles, values, security & prosperity. Also addressed regional issues & #BiH, incl importance of upcoming elections.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) June 7, 2022