Времето денеска во Македонија ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен пороен дожд и појава на град.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, но и пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 14 степен, а максималната дневна се очекува да достигне 24 степени целзиусови.
Услови за невреме до петок
Од Управата за хидромеотеоролошки работу предупредуваат дека до петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Никола Ивановски