Тешко повреден градежен работник од Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и едногодишен градежен работник од Куманово се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во Скопје.

Loading...

– На 06.06.2022 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во приватна болница во Скопје со тешки телесни повреди бил донесен Б.К.(61) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар.

Известен бил Трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот. 

Никола Ивановски