Димитриевски додели субвенции на занаетчии за негување на старите занаети (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Денеска, во Занаетчиски дом се одржа настан за свечено субвенционирање на старите занаети во организација на Регионалната занаетчиска комора Куманово, а во соработка и со финансиска поддршка од Општина Куманово.

Loading...

 

 

Градоначалникот Димитриевски, на настанот додели субвенции на занаетчиите според Договорот склучен со општината.

„Ова е симболика којашто сакаме да стане пракса во градот и на тој начин да не дозволиме да се заборават старите занаети, бидејќи тие всушност се и основата за индустријализација на нашиот град. Имаме обврска особено кон чуварите на традицијата во нашиот град, во рамки на сопствените можности да помогнеме и во делот на финансирање на нивните активности. Претходно, општина Куманово носеше одредени одлуки со коишто исто така даде свој допринос за да се помогне финансиски во рамки на корона кризата. Како градоначалник во иднина ќе се заложам да се зголемуваат ваквите субвенции, ова е една симболика којашто ќе ја проточиме во традиција да биде од значителен износ на средства којшто ќе дадат дополнителен мотив на помладите генерации да продолжат во духот на традицијата да се занимаваат со занаетчиството. Се работи за некаде помош околу 150 илјади денари кои се издвоени од буџетот на општина Куманово и таа бројка ќе трпи само тренд на пораст“, рече Димитриевски.

 

Loading...

 

Општина Куманово дава целосна поддршка за развој на сите занаети, кои се распостранети во Македонија и кои со својата несебична работа и посветеност вредно работат на зачувување на традицијата и вистинските вредности.

 

 

Занаетчиството и занаетите имаат нераскинлива врска со постоењето на секој народ. Во борбата за подобра егзистенција луѓето се снаоѓале на различни начини за да дојдат до потребните алатки и намирници. Денес со нивно усовршување имаме најразлични еснафи кои се усовршени на едно повисоко ниво. Занаетчиството е дел од историјата на Македонија.