Светските сили не смеат да вршат притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прифати лошиот мировен договор со рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, пренесува Ројтерс.
Шефот на британската дипломатија Лиз Трас на владината седница изјави дека Лондон е подготвен за нови санкции против Русија поради нападот врз Украина, додаде портпаролот на Џонсон.
Џонсон истакна дека Британија ќе остане на чело на земјите кои ја поддржуваат Украина, пренесува Танјуг.
„Џонсон изјави и дека е од суштинско значење Зеленски да не биде под притисок да прифати лош мировен договор, бидејќи лошите договори не траат долго. Тој рече дека светот мора да избегне каков било исход во кој се чини дека недозволената агресија на Путин се исплатела“, додаде портпаролот на британскиот премиер.