Објавен оглас за реконструкција на две улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави јавен повик за избор на економски оператори за реконструкција на две улици, соопштија денеска надлежните. Општината ќе ги реконструира улиците „Братство и единство‘ и улицата „172“ во населбата Карпош.

Loading...

Реконструкцијата на улицата „Братство Единство“, ќе опфати санација на потегот од улицата „Доне Божинов“ до градскиот стадион.

Заинтересираните оператори треба да достават соодветни документи, меѓу нив и потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со набавката, издадена од Министерството за транспорт и врски на РСМ. Компаниите треба да имаат и соодветни градежни машини., да имаат склучено договор за користење на асфалтна база со лиценца за работа со А – интегрирана еколошка дозвола на оддалеченост до 30 километри од местото на изведување на работите.

Компаниите заинтересирани за изградба на улицата „171“ треба да ги достават понудите до 16 јуни, додека оние заинтересирани за реконструкција на улицата „Братство и единство“ до 21 јуни годинава кога е закажано отворањето на понудите.