Кремљ: Украина мора да ги деминира пристапите кон нејзините пристаништа

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска објави дека Украина мора да ги деминира приодите до нејзините пристаништа со цел руската армија да пушти бродови за извоз на жито.

Loading...

Русија тврди дека санкциите на Западот и Киев се виновни за послабата испорака на жито.

– Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Украина мора да ги деминира приодите до нејзините пристаништа – изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека тоа ќе им овозможи на бродовите, откако ќе бидат проверени од армијата, да влезат во пристаништата, да натоварат жито и да пловат во меѓународните води со руска помош.