Чување на јахтата на рускиот олигарх прескапо за Фиџи, судот ја додели на САД

Сподели со своите пријатели

Судот на Фиџи денеска донесе одлука САД да ја преземат јахтата во руска сопственост од таа островска земја на Тихиот Океан, бидејќи е прескапо за Фиџи да одржува брод во услови на правни спорови околу неговото запленување.

Loading...

Работната група на американското Министерство за правда „Клепто Кепчер“ се фокусираше на запленување јахти и други луксузни средства на руските олигарси во обид да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин поради конфликтот во Украина, пишува Ројтерс.

Јахтата Amadea долга 106 метри пристигна на Фиџи на 13 април, по 18-дневно патување од Мексико.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија: Десничарските екстремни ставови во пораст на Запад

Властите на Фиџи ја запленија откако Високиот суд на земјата минатиот месец издаде американска потерница за поврзување на јахтата со санкционираниот руски олигарх Сулејман Керимов.

ФБИ соопшти дека луксузниот брод вреден 300 милиони долари имал оперативни трошоци од 25 до 30 милиони долари годишно, а САД ќе платат за одржување на бродот откако ќе биде запленет.

Сепак, како што се наведува во пресудата на Врховниот суд, јавниот интерес бара јахтата „да исплови од водите на Фиџи“, бидејќи нејзиното стоење на Фиџи „скапо ја чинеше Владата на Фиџи“.

Се додава дека бродот влегол во водите на Фиџи без никаква дозвола и најверојатно за да избегне кривично гонење од страна на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Предвремени избори во Шри Ланка: Победи левичарската коалиција

Јавниот обвинител на Фиџи, Кристофер Прајд, во соопштение рече дека одлуката ја потврдува посветеноста на островската држава да ги почитува меѓународните барања за взаемна помош и меѓународните обврски.

Loading...

„Амадео е предаден на американските власти и сега ќе го напушти Фиџи“, додаде тој.