Познатиот руски платеник, за кој се верува дека имал клучна улога во масовните пукања на украинските воени заробеници и егзекуцијата на цивили во регионот на Донбас, наводно е убиен.
Според непотврдени информации, 44-годишниот Владимир Андонов, кој го нарекуваа и егзекутор поради неговата бруталност во претходните војни во Сирија и Либија, бил убиен од украински снајперист во Харков.
„Во Украина е пријавена смртта на Владимир Андонов, попознат како Ваха. Тој загина синоќа при извидување на областа заедно со неговиот пријател“, објави руски „Московски комсомолец“, пренесува „Скај њуз“.
Рускиот платеник Владимир Андонов наводно бил убиен од украински снајперист во Харков, вториот по големина град во Украина.
Андонов бил дел од организацијата на мрежата на безмилосни платеници наречена Вагнеровата група, која служела под рускиот претседател Владимир Путин.
Се вели дека тој се борел во специјалните сили во источниот стратешки регион Донбас кога Москва го окупираше Крим во 2014 година.
Информации за смртта на Андонов беа објавени и на каналите Телеграм каде се разменуваат информации за руската армија.
„Тој умре ноќе, при извидување на областа, заедно со неговиот придружник, најверојатно бил убиен од снајпер“, напишал корисникот, повикувајќи се на извори во Бурјатија, источниот регион на Русија.
Неговата смрт уследи по извештаите за загубата на двајца руски генерали во ракетен напад.
Руските државни медиуми ја потврдија и смртта на генерал-мајор Роман Кутузов во Доњецк.
Се споменува и смртта на генерал полковник Роман Бердинков, кој би бил највисокиот руски генерал убиен во Украина.