Рускиот амбасадор ја напушти седницата на Советот за безбедност поради обвинувања на Мишел

Сподели со своите пријатели

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Набензја, ја напушти седницата на Советот за безбедност за време на говорот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој ја обвини Русија дека предизвикува глобална прехранбена криза со инвазијата на Украина.

Loading...

Шарл Мишел рече дека Русија ги користи резервите на храна како „скришум проектил“ против земјите во развој, туркајќи ги луѓето во сиромаштија. Рускиот амбасадор Василиј Небензја одговори дека Мишел шири лаги.

Украина е главен извозник на масло за јадење и житарки, како и Русија, која исто така извезува житарки и ѓубрива.

Војната во Украина и санкциите против Русија доведоа до недостиг на овие производи на пазарот и нивен скок на цените.

„Господине амбасадор на Руската Федерација, да бидеме искрени, Кремљ ги користи залихите со храна како скришум проектил против земјите во развој“, рече Мишел за време на седницата на СБ во ОН во Њујорк.

Тој додаде дека драматичните последици од војната во Украина се прелеваат на целиот свет.

Ефектите, рече Мишел, се скок на цените на храната, што ги турка луѓето во сиромаштија и дестабилизира цели региони.

„Русија е единствената одговорна за оваа криза“, рече Мишел.

Loading...

Тој истакна дека со свои очи видел милиони тони жито заробени во украинското пристаниште Одеса поради блокадата од Русија. Мишел, исто така, ја обвини Русија дека краде жито и го спречува садењето и бербата на земјоделските култури во Украина поради воени активности.

На овие обвинувања реагираше и рускиот амбасадор кој ја напушти салата. Мишел потоа директно му се обрати со зборовите: „Можеш да ја напуштиш собата, можеби е полесно да не ја слушаш вистината“.

Амбасадорот за Ројтерс изјави дека не може да остане на седницата поради „лагите што ги шири Шарл Мишел“.

На одделен состанок во ОН, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Русија ја уништува земјоделската инфраструктура на Украина и дека околу 20 милиони тони жито се запленети во силоси во близина на Одеса, додека бродовите блокирани со жито стојат во пристаништето поради на руската блокада.