РКЕ ОДЛУЧИ: Горивата повторно поскапуваат

Сподели со своите пријатели

Малопродажната цена на горивата од полноќ повторно ќе се зголеми, а дизелот за прв пат ќе надмине „стотка“.

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, сите цени на горивата од полноќ ќе бидат троцифрени, бидејќи цената на дизелот ќе се зголеми за 2,5 денари по литар, додека бензините ќе се покачат за половина, односно еден денар.

Поскапа цена ќе има и екстра лесното масло и ќе изнесува 99,5 денари. Од утре и мазутот ќе се продава по повисока цена, и ќе изнесува 55,5 денари.

Согласно одлуката новиот ценовник ќе изгледа вака:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пезово – Село населено уште уште пред 5.000 години

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)