Директорот на СЗО: Рано е за крај на пандемијата, можен е нов, поопасен сој на ковид

Сподели со своите пријатели

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус, предупреди дека е сосема реално да се појави нов, многу поопасен вид на коронавирус, кој ќе биде отпорен на сегашните вакцини.

Loading...

Тој посочи дека СЗО е загрижена за негативните трендови во некои региони и истакна дека бројот на смртни случаи поради Ковид се зголемува во Африка и во Западен Пацифик.

Сè уште е рано да се прогласи крај на пандемијата, рече Гебрејезус, додавајќи дека во овој момент е многу тешко да се предвиди како ќе се промени вирусот.

Заклучно со 3 јуни, СЗО официјално регистрираше 528.816.317 случаи на коронавирус и 6.294.969 смртни случаи ширум светот, а во петокот официјално беа пријавени уште 486.278 нови случаи и 1.380 смртни случаи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН повикани да го забранат COP во земјите кои се залагаат за фосилни горива