РАСТЕ ДОЛГОТ НА ГЕРМАНИЈА: Во моментов изнесува 2,38 трилиони евра

Сподели со своите пријатели

Германија се соочува со рекорден долг од 2,38 трилиони евра, кој продолжува да расте годинава.

Loading...

Владата на канцеларот Олаф Шолц додаде нови 139 милијарди евра нови задолжувања на високиот јавен долг за потребите на буџетот за 2022 година, објаснувајќи дека задолжувањето е неопходно поради дополнителните трошоци како резултат на пандемијата и украинската криза.

На ова се придружуваат дополнителни 100 милијарди евра планирани за војската.

Со тоа новиот долг на Германија ќе се зголеми на 2,619 трилиони евра.

Надлежните се надеваат дека економијата ќе успее да закрепне и дека преку приходите земјата ќе може да ги враќа кредитите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги повика САД да се откажат од натамошно распоредување ракети на територијата на Јапонија

Доколку тоа не успее, според експертите, единствениот излез остануваат зголемувањето на даноците, строгите мерки за штедење и дополнителното задолжување.

Шефот на економскиот институт „Ифо“, Клеменс Фист, посочува дека се уште има „скриени“ долгови, кои претставуваат товар за буџетот.

„Така, правата на пензии за државните службеници се акумулираа во милијарди. Државата, бидејќи не создаде посебни фондови за тоа, ќе мора тие скапи пензии да ги покрива од даночните приходи“, објасни Фист.

Loading...

Тој посочува дека големите долгови го спречуваат намалувањето на даноците.

Експертите предупредуваат дека во наредните години ќе се зголемат каматите на државните обврзници, што дополнително ќе ја зголеми задолженоста.