Ублажени строгите епидемиолошки ограничувања во Пекинг

Сподели со своите пријатели

За прв пат по повеќе од еден месец, денес се отвораат рестораните во поголемиот дел од Пекинг, а другите епидемиолошки ограничувања се ублажуваат, откако властите успешно ја потиснаа малата епидемија на ковид-19 во главниот град како дел од нулта стратегијата на државата за толеранција за коронавирус.

Loading...

На музеите, кината и спортските сали им е дозволено да работат со 75% од капацитетот, а добавувачите повторно можат да носат нарачки директно до вратите на клиентите, наместо да ги оставаат, како досега, на влезот во станбените области, пренесува АП.

Враќањето во речиси нормална состојба ќе се применува во речиси цел Пекинг, освен во цела една област и дел од другата, каде епидемијата сѐ уште не е целосно сузбиена.

Училиштата кои се делумно отворени, од 13 јуни ќе ги отворат вратите за учениците, а потоа тоа ќе го сторат и градинките од 20 јуни.

Властите во Пекинг, кој има 22 милиони жители, спроведоа неколку циклуси на масовно тестирање и наредија затворање на згради и станбени комплекси веднаш штом беа откриени нови случаи на инфекција со коронавирус за да се спречи епидемијата што за шест недели зарази околу 1.800 луѓе.

Во последните 24 часа се потврдени 24 нови случаи на Ковида-19.