Северна и Јужна Кореја пукаат ракети во морето

Сподели со своите пријатели

Армиите на Јужна Кореја и САД истрелаа осум проектили ATACMS во понеделникот наутро, соопшти јужнокорејскиот Генералштаб.

Loading...

Ракетите, кои требаше да покажат борбена готовност, паднаа во Јапонското Море меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија.

Според Генералштабот, била покажана „способноста и подготвеноста да се извршат прецизни удари врз станиците за лансирање на севернокорејските ракети или тамошните командни центри“.

Новинската агенција Јонап јавува дека јужнокорејската армија ги повикува северните соседи да „престанат со сите дејствија што ги зголемуваат воените тензии“ на полуостровот.

Следни се атомските тестови?

Ден претходно, Северна Кореја истрела осум балистички ракети во истото море, што требаше да биде реакција на заедничките воени маневри на јужните соседи и американската армија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Предвремени избори во Шри Ланка: Победи левичарската коалиција

Резолуциите на ОН и забрануваат на комунистичката диктатура да тестира балистички ракети, од кои некои може да бидат вооружени со нуклеарни боеви глави.

Во саботата заврши помпезната тридневна вежба на Јужна Кореја и САД во која учествуваше и џиновскиот носач на авиони „USS Ronald Reagan“.

Loading...

Тоа беше прва заедничка вежба на традиционалните сојузници откако претседателот Јун Сук Јеол ја презеде власта во Сеул, заговарајќи построг став кон Пјонгјанг.

Северна Кореја, предводена од претседателот Ким Џонг Ун, претходно изврши 23 ракетни тестови оваа година.

Вашингтон во последните неколку недели предупреди дека Пјогјанг наскоро би можел да изврши тестови на атомска бомба, за прв пат од 2017 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во дом за стари лица во Шпанија, најмалку десет жртви