Киев подготвува санкции против 12.000 руски граѓани

Сподели со своите пријатели

Украинските власти подготвија список од околу 12.000 руски државјани кои ќе бидат санкционирани, изјави портпаролот на украинскиот министер за надворешни работи Олег Николенко.

Loading...

„Украина ќе продолжи да се бори за санкционирање на руските граѓани, вклучувајќи го и патријархот Кирил, кои ја поткопуваат националната безбедност на Украина. Сè на сè, подготвивме список на санкции, во кој има повеќе од 12.000 руски олигарси, функционери и пропагандисти“, прецизира Николенко, пренесува Танјуг.

Портпаролот на министерството рече дека Киев работи со партнерите на воспоставување механизам за одредување приоритети за воведување санкции на поединци кои ја поддржуваат или се вклучени во руската агресија. Тој се уште не ги објави имињата од таа листа.