Тешка железничка несреќа во Словачка, повредени најмалку 100 луѓе

Сподели со своите пријатели

Десетици луѓе се повредени во тешка железничка несреќа во Словачка, од кои четворица потешко, кога локомотива удрила во запрен патнички воз, потврди словачката полиција.

Loading...

Во моментот на несреќата, која се случи во близина на градот Врутки во северозападниот дел на земјата, во возот се наоѓале повеќе од 100 луѓе.

Еден патник со тешки повреди е пренесен со хеликоптер во болница во блискиот град Мартин.

Најмалку 100 луѓе се повредени, според проценките на телевизијата Маркиз, на кои се повикува агенцијата ДПА.

Засега не се познати повеќе детали за околностите на несреќата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанес: Промената на Трамп во климатската политика би била од корист за нас