Политико: Макрон гради паневропски политички сојуз

Сподели со своите пријатели

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон предложи создавање на нов паневропски центристички сојуз, објави весникот Политико, повикувајќи се на извори од партијата на Макрон.

Loading...

Иницијативата ќе ги комбинира Ренесансната алијанса на Макрон и другите партии со Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ), која во моментов одржува конгрес во Даблин, според Политико.

Доколку овој пат продолжи, влијанието на Макрон во европската политика би се зголемило, а АЛДЕ, основана пред повеќе од 40 години, би исчезнала, пренесува N1.

Алијансата на Макрон и пратениците на АЛДЕ во Европскиот парламент веќе формираат своја парламентарна група наречена „Обнови ја Европа“, но усвојувањето на предлогот на Макрон би довело до создавање чадор партија на целиот континент, наведува Политико.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Трамп на чело на САД не е крај на светот, туку почеток на нов, поинаков

Предлогот беше вклучен во писмото потпишано од водачот на групата „Обнови Европа“ во Европскиот парламент и близок соработник на Макрон Стефан Сијони, како и бугарскиот премиер Кирил Петков и новиот словенечки премиер Роберт Голоб, соопштија официјални лица.

Писмото е испратено до ко-лидерите на АЛДЕ, Тим Дули и Илан Кјучук. „Новата алијанса треба да обезбеди поширока рамка од АЛДЕ“, рече претставник на Renew Europe.

„АЛДЕ е либерален во својата суштина и сакаме да го надградиме тоа наследство, но можеме да направиме нешто пошироко“, рече функционерот, барајќи да остане анонимен бидејќи тоа е политички чувствителен предлог, рече Политико.