Пукање во Вирџинија: Еден убиен и петмина ранети на домашна забава (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а најмалку пет се повредени во пукање на домашна забава во близина на американскиот град Ричмонд, соопштија властите.

Loading...

Полицијата била повикана да интервенира на домашна забава во петокот вечерта, а потоа добила дополнителна пријава за испуканите истрели, додека одговарала на првиот повик во Честер, објави полицискиот оддел на округот Честерфилд, пренесува АП.

Наводно, едно лице е пронајдено мртво на крстосницата, а најмалку пет други се ранети од огнено оружје, меѓу кои и едно лице кое исто така си ја скршило раката, соопшти полицијата.

Не се познати други информации за овој инцидент во Честер, кој се наоѓа на 24 километри јужно од Ричмонд, главниот град на американската сојузна држава Вирџинија, наведува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати