УХМР најавува невреме за викендов и следната недела

Сподели со своите пријатели

Денес и за време на викендот ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во Куманово и околината утре ќе имаме сончево и многу топло време со услови за нестабилност проследена со дожд и грмежи во попладневните часови. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 31 степен целзиусов.

 

 

Во недела во Куманово ќе имаме сончево до умерено облачно и многу топло време. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 31 степен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје и Сараево

 

Loading...

 

Како што додаваат од УХМР, во текот на следната работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.

Од Управата за хидрометеоролошки работи упатуваат препорака во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Никола Ивановски