Триесет и двегодишен скопјанец вчера бил приведен во Куманово откако по него била распишана потерница за издржување затворска казна.
Loading...
– На 02.06.2022 во 16.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(32) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 235а од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.
Никола Ивановски