Театар Куманово вчера гостуваше во градот Ловеч со претставата Драма изгубена во времето, а денеска гостува во Софија во тетарот Солза и смеа со истата претстава.
– Оваа соработка е договорена во месец март оваа година и во моментов се реализира. Соработката е договорена преку Културниот Центар на Република Северна Македонија во Софија, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Во текот на гостувањето договорено е Драматичниот Театар од град Ловеч да бидат гости со нивната најнова претстава комедија која во моментов треба да има премиера во град Ловеч.
– Исто така договоривме соработка за заедничка претстава која ќе се реализира со актери од двата театри кумановскиот и ловечкиот. Авторот на текстот кој ќе се работи и режисерот ќе бидат исто така од двете држави како и сценографот и костимографот. Очекуваме дека ќе добиеме средства и за овој проект се со цел да направиме соработка и претстава која ќе има за цел да придонесе за побогата културна соработка помеѓу двете држави, вели Тодоровски.
Финасиските средства за гостувањата на кумановскиот театар се обезбедени од Министерството за култура.