Бајден го повика Конгресот да го забрани автоматското оружје

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот да го забрани автоматското оружје, да воведе проверка на податоците за сите оние кои го купуваат и други мерки за контрола на оружјето за да се запре серијата масовни престрелки што ги погодија САД.

Loading...

Во директен пренос од Белата куќа во ударниот термин, Бајден ја праша земјата, згрозена од неодамнешните престрелки во Тексас, Оклахома и Њујорк, колку овие случаи треба да ги променат законите за оружје во САД.

– За волја на Бога, уште колку масакри сме подготвени да прифатиме? – праша Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е човекот кој уби туристка во Будимпешта, деловите од телото ги сокрил во куфер

Претседателот, демократ, повика на серија мерки на кои историски се спротивставија републиканците во Конгресот, вклучително и забрана за продажба на автоматско оружје или, доколку тоа не се случи, зголемување на минималната возраст за купување на тоа оружје на 18 до 21 година и укинување на заштитата на производителите од тужба за насилства извршени со нивното оружје.

„Не можеме повторно да го изневериме американскиот народ“, рече Бајден, притискајќи ги републиканците да гласаат за нацрт-законот со мерки за контрола на оружјето.

За потсетување, САД, кои имаат повисока стапка на смртни случаи од огнено оружје од која било друга богата нација, беа потресени од масовни пукотници во продавниците во државата Њујорк, во основно училиште во Тексас и во здравствена установа во Оклахома во последните неколку недели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп има целосна контрола над Вашингтон, но нема секогаш да биде по негово