Шеесет и петгодишен кумановец вчера бил измамен за сума од 8.000 денари преку добро познатата шема за измама со огремни дрва на која веќе имаат наседнато повеќе граѓани.
Loading...
– На 01.06.2022 во 13.45 во СВР Куманово, 65-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 8.000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според пријавеното, лицетo му понудило огревни дрва и откако се договориле, се упатиле на местото каде наводно бил камионот со дрвата.
Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, а тој да го почека камионот, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга ги побарало парите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски