Кумановец приведен откако физички ја нападнал својата мајка

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишен кумановец вчера физички ја нападнал својата мајка, по што бил приведен од полицијата.

Loading...

– На 01.06.2022 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Ѓ.(48) од Куманово затоа што во семејниот дом во Куманово физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски