Во текот на изминатиот ден руски борбени авиони соборија украински борбен авион Су-25 во регионот на Николаев, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
„Нашиот ловец собори авион Су-25 на украинските воздухопловни сили кај селото Љубомировка во Николаевската област“, изјави Конашенков на прес-конференција, пренесува РИА Новости.
Како што наведе, во специјална воена операција веќе се уништени речиси 130 украински воени хеликоптери.
„Вкупно, од почетокот на специјалната воена операција, 186 авиони, 129 хеликоптери, 1.084 беспилотни летала, 327 противвоздушни ракетни системи, 3.373 тенкови и други оклопни борбени возила, 460 повеќецевни ракетни системи, 1.752 минофрлачки терени и артилериски топови. Уништени се 3.350 единици на специјалните воени возила“, рече тој.