Ќе се гради канализациска мрежа во населбата Иго Тричковиќ

Сподели со своите пријатели

Куманово ќе гради канализациска мрежа во населбата Иго Тричковиќ (Пуковско) соопштија денеска надлежните од општината. Заинтересираните економски оператори за изградба на фекална канализација на главен колектор и краци 1-11 на улици населбата треба да достават потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

Loading...

Според објавата на електронскиот систем компаниите треба да достават лиценца за Б за изведување на градби од втора категорија, издадена од Министерството за транспорт и врски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пуштена во употреба пругата Куманово – Бељаковце (ФОТО)

Компаниите кои ќе се пријават на повикот треба да поседуваат различни градежни машини и според објавата во последните пет години треба да има склучено и реализирано минимум еден договор за изградба на фекална канализација со вредност не помала од 16 милиони денари без вклучен данок на додадена вредност.

Јавното отворање на понудите е на 15 јуни, годинава.

МИА