Русија го заврши тестирањето на хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“ и ќе ја распореди во новата фрегата на северната флота пред крајот на годината, изјави денеска висок воен претставник, пренесува Ројтерс.
Командантот на Северната флота Александар Мојсејев изјави дека фрегатата „Адмирал Головко“ ќе стане првата која постојано ќе биде вооружена со Циркон, пренесе агенцијата ТАСС.
Ројтерс наведува дека рускиот претседател Владимир Путин го опишал Циркон како дел од новата генерација на ненадминливи вооружени системи, кои се движат со девет пати поголема брзина од звукот.
Русија претрпе големи загуби за време на нејзината тримесечна војна во Украина, но продолжи да ги тестира своите најнови проектили.
Министерството за одбрана минатата недела објави дека успешно истрелала крстаречка ракета Циркон од брод во Баренцовото море кон цел на околу 1.000 километри (625 милји) во Белото Море.
https://youtu.be/TVsgb1m4CAI