Се проширува улицата „Гоце Делчев“ во Куманово поради изградба на третиот кружен тек (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна проширувањето на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово, информираа денеска надлежните од општината. Улицата се проширува поради изградбата на третиот кружен тек на локација Серава во Куманово. Улицата „Гоце Делчев“води кон крстосницата на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и до улицата „Бајрам Шабани“.

Loading...

 

 

– Во тек е реконструкција на дел од улица „Гоце Делчев“ со проширување за уште една коловозна лента и реконструкција на постоечка атмосферска и фекална канализација, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

Интензивно се спроведува реконструкцијата на третиот кружен тек во градот. Надлежните од општината сметаат дека ќе придонесе за растоварување на сообраќајниот метеж во центарот на Куманово. Ова ќе биде трет кружен тек во градот.

 

 

На тендерот за изградба на овој кружен тек по претходно објавен оглас на општината се пријавиле две компании, избрана е кумановската „КООП ИНЖЕНЕРИНГ“. Општината од буџетот одвои 14 милиони 997 илјади 800 денари со вклучен ДДВ за реализација на проектот, стои во склучените договори на електронскиот систем на јавни набавки. Договорот е склучен на 23 март, годинава.

 

 

Loading...

Во моментов, интензивно се гради втор кружен тек на локација кај Митев мост помеѓу двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, за што од општинскиот буџет се одвоени над 35, 8 милиони денари, чија изградба се очекува да заврши до средината на летото. За првиот кружен тек, изграден пред две години Куманово одвои над 20 милиони денари.

МИА