Од утре можни поскапувања на храната

Сподели со своите пријатели

Владината мерка со која беа „замрзнати“ цените на основните прехрамбени продукти, односно нивната маржа и ослободување на ДДВ завршуваат денеска.

Loading...

Тоа носи страв дека лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, месото и сувомеснати производи, сирењето и урдата од утре ќе имаат повисоки цени.

Од Владата засега нема најави дали ќе има нов пакет мерки со кој ќе се спречи ценовниот шок врз основните намирници.

Од вчера дел од белите печива во пекарниците се веќе поскапени, како и млечните производи.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери