Нови правила на границите при влез во Италија

Сподели со своите пријатели

Од среда, патниците и туристите при влез во Италија повеќе не мора да приложуваат негативен тест за коронавирус, односно доказ за прележана болест или вакцинација.

Loading...

Претходната важечка одредба истече во вторник и нема да биде продолжена, соопшти Министерството за здравство.

 

Украинскиот суд осуди двајца руски војници на 11 и пол години затвор

 

Владата на премиерот Марио Драги постепено ги укинува епидемиолошките мерки откако на крајот на март заврши двегодишната вонредна состојба.

Сертификатите за Ковид повеќе не се потребни во ресторани или туристички настани.

 

Loading...

Русите пронашле тела на 152 украински борци во Азовстал

 

Луѓето сè уште мора да носат маски во јавниот транспорт, болниците и установите за нега.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус се намалува во последните недели во Италија, земја со речиси 60 милиони луѓе. Властите објавија нешто повеќе од 7.500 нови случаи во рок од 24 часа и приближно 60 смртни случаи во понеделникот.