Фестивалот „ФИЛМАЈ“ во четврток во НУЦК „Tрајко Прокопиев” – Куманово

Сподели со своите пријатели

„ФИЛМАЈ” 2022 фестивалот на краток филм – Куманово ќе се одржи oвоj четврток (2 јуни 2022), во НУЦК „Tрајко Прокопиев” – Куманово, со почеток во 19 часот.

Loading...

За четвртото издание на ФИЛМАЈ фестивалот, организиран од фото-кино клуб `Козјак` – Куманово, влезот ќе биде бесплатен за сите посетители. Подигање на картите ќе е на билетарата на Центарот за култура, а вратите ќе бидат отворени од 18:45 часот.

Во два 90-минутни блока (со пауза од 20 минути помеѓу) ќе бидат прикажани 11 филма.

Наградени филмови се косовскиот `Изместено` режиран од Самир Карахода, македонскиот `Северен Пол` со Владимир Самоиловски како директор на фотографија, “Божиќен Ангел” (Грција) по сценарио на Фотис Зампетакис, заедно со најдобриот домашен филм `Обичната Ели` и најдобар краток филм `Сама` од Хрватска.

Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се венецуелскиот `Импровизирана земја`, италијанскиот `Свет син`, `Work It Class!` од Шпанија, австралискиот `Мајсторот` и `Сочувствување` (САД), како и домашниот студентски документарец `Мачор` на авторката Тина Величковиќ.

Стручното жири на овогодишниот ФИЛМАЈ беше составено од три члена: Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер) и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“).

Интегрално соопштение